Ветробран на авионот на чешката влада со кој во Русија допатува премиерот Петр Нечас пукна во тек на летот, но авионот безбедно се спушти на московскиот аеродром.
Од канцеларијата на чешкиот премиер соопштија дека инцидентот се случил во близина на Минск во Белорусија, во тек на летот додека Нечас патувал кон Москва на состанок со руски официјални лица.
Пилотите најпрвин ја разгледале можноста за принудно слетување, по што одлучиле да го продолжат летот, намалувајќи ја брзината.
Елена Георгиевска