Пукање во Квебек, еден загинат

Од:

За време на победничкиот говор на Полин Моро, лидерка на сепаратистичката партија во Квебек, едно лице е убиено, а уште едно е рането.

Новоизбраната премиерка Моро не е повредена, а осомничениот за нападот е веќе приведен.

За време на апсењето, осомничениот, кој има околу 50 години, викнал: „Англија се буди“.

Квебек е единствена франкофонска канадска провинција каде што англискиот не е главен службен јазик на покраинско ниво.

Според прелиминарните резултати, партијата на Моро освои 56 од 125 пратенички места и со тоа заврши 9-годишното владеење на либералите во таа франкофонска провинција, кои на овие избори освоија 48 места.

Полин Моро стана првата жена премиер во историјата на оваа провинција.

Во Квебек живеат 7.8 милиони луѓе.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Канада

(ВИДЕО) Авион се преврте на писта во Канада, нема жртви: „Висевме како лилјаци“

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Трудо поднесе оставка