Пукање во домот на потпретседателот на САД

Од:

Во домот на американскиот потпретседател Џозеф Бајден во градот Гринвил во сојузната држава Делавер, бил отворен оган потврди во неделата портпаролот на Тајната служба задолжена за безбедноста на највисоките политички личности на САД, Роберт Хобак.

Според Хобак, инцидентот се случил во саботата околу 20.25 часот по локално време, 2.25 часот по македонско време во неделата. Ниту потпретседателот Џозеф Бајден, ниту неговата сопруга во времето на инцидентот не биле во домот.

Бајден во тоа време патувал кон Вашингтон, а огнот бил отворен од автомобил во движење за што е отворена истрага.

„Од автомобил кој се движел со голема брзина покрај домот на потпретседателот, биле испукани неколку куршуми“, додал портпаролот Хобак. Припадниците на полицијата и на Тајната служба не успеале да го стигнат и сопрат возилото.

Се’ уште не е јасно дали истрелите биле во насока на домот на Бајден. Објектот се наоѓа на 270 метри од патот по кој се движел автомобилот, што е надвор од безбедносниот периметар. Во моментов Тајната служба води истрага на можните оштетувања и пропусти.

Половина час по инцидентот полицијата уапсила едно лице кое со возило се обидело да го мине надворешниот безбедносен периметар крај полицијата на округот. Лицето при пасењето давало отпора и е треба да биде испрашано во врска со инцидентот. Според началникот на локалната полиција, Џејкоб Ендрјус, се чини дека ова лице не било вмешано во пукањето, пренесува Associated Press.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак