Пукање во Чикаго за време на прославата на Ноќта на вештерките, меѓу повредените има и деца

Од:

Најмалку 14 лица се повредени во масовно пукање во Чикаго за време на прославата на Ноќта на вештерките, известува Fox News.

Полицијата на прес-конференцијата потврдила дека имало масовно пукање, а меѓу повредените има и три деца, на возраст од најмалку три години. Останатите повредени, според полицијата, се полнолетни.

Началникот на полицијата во Чикаго, Дејвид Браун, изјави дека вооружени напаѓачи отвориле оган врз толпата која стоела на раскрсницата.

Нападот траел само неколку секунди, а напаѓачите по случаен избор пукале во толпата, рече Браун, додавајќи дека засега никој не е уапсен, а мотивот за нападот е нејасен.

Настраданите се пренесени во неколку болници. Браун рече дека некои луѓе се во критична состојба.

Би можело да ве интересира

Трета жртва од пукањето во Скадар

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Маж од Арачиново бил ранет пред семејната куќа

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

Четворица приведени за пукањето во Чаир, двајца биле затвореници од „Идризово“