Полицијата во Амстердам е во потрага по напаѓачи кои убија едно, а повредија две лица во центарот на градот, јавуваат светските медиуми.
Од полицијата потврдуваат дека биле испукани неколку куршуми, но причината за нападот не е позната. На местото на настанот интервенираа голем број припадници на итните служби.
Сведоците раскажуваат дека нападот бил извршен од неколку лица кои носеле маски.
Инцидентот се случи на детско игралиште, а една од жртвите е тинејџер, јавува „Раша тудеј“.