Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) објави дека нејзините безбедносни сили уапсиле едно лице утрово по пукање пред седиштето на агенцијата.
Портпаролот на ЦИА потврди дека безбедносните службеници „се соочиле со едно лице“ пред главната порта, додавајќи дека лицето е во притвор.
Портпаролот одби да каже дали осомничениот бил застрелан или да открие други детали. Засега не е познато зошто е отворен оган и што правел лицето во тој момент.
NBC News претходно објави дека едно лице е застрелано, повикувајќи се на извор запознаен со случајот. Според изворот, станува збор за жена.
Инцидентот се случил околу 4 часот наутро, изјави портпарол на полицијата во Ферфакс за ABC News. ЦИА ја затвори главната порта на својот комплекс во Ленгли и им нареди на вработените да бараат алтернативни патишта.
Пукањето се случи откако вооружен човек уби двајца вработени во израелската амбасада во центарот на Вашингтон во среда вечерта. Немаше индикации дека инцидентите се поврзани.