ЦИА ги вооружуваа Курдите и подготвува бунт во Иран

Од:

Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) работи на вооружување на курдските сили со цел поттикнување на народно востание во Иран, објави денес CNN, повикувајќи се на повеќе извори.

Изворите велат дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп е во разговори со иранските опозициски групи и курдските лидери во Ирак за обезбедување воена поддршка. Трамп разговарал претходно со претседателот на Демократската партија на Ирански Курдистан (KDPI), Мустафа Хиџри, вели неименуван висок ирански курдски функционер.

Се очекува опозициските сили на иранските Курди да учествуваат во копнена операција во западен Иран во наредните денови, изјави неименуван висок ирански курдски функционер за CNN.

„Веруваме дека имаме голема шанса“, рече изворот, додавајќи дека очекуваат поддршка од САД и Израел.

Иранските курдски милиции контролираат илјадници војници кои дејствуваат по должината на границата меѓу Ирак и Иран, првенствено во Ирачки Курдистан.

Неколку групи издадоа соопштенија од почетокот на американско-израелските напади врз Иран, алудирајќи на непосредна акција и повикувајќи ги иранските воени сили да дезертираат и да им се придружат. Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) напаѓа курдски групи, а претходно денес соопшти дека ги таргетирала курдските сили со десетици беспилотни летала.

Би можело да ве интересира

САД ги предупредуваат сојузниците да се подготват за можни напади врз Иран по изборите

Војната со Иран ги чинела САД над 47 милијарди долари, Пентагон пресметува нови трошоци

„Волстрит џурнал“: САД се подготвуваат за можен краток, но интензивен воен судир со Иран

Горан Наумовски

Хамнеи: Иран продолжува да управува со Ормутскиот теснец

Пезешкијан пристигна во Москва, утре ќе се сретне со Путин

А1он

Нетанјаху и командантот на ИДФ во судир околу операцијата против Иран