Сменетиот претседател на каталонската Влада, Карлес Пуџдемон и четворицата поранешни министри денеска објавија писмо со кое бараат поддршка од партиите кои се залагаат за независност на шпанската покраина на претстојните регионални избори.
– Време е од (каталонските) институции да се протераат оние кои сакаат да воспостават контрола со пуч, наведува Пуџдемон во писмото објавено на Твитер.
Toca foragitar de les institucions els qui se les han volgut fer seves amb un cop d'estat. Carta des de Bèlgica https://t.co/k19rgV2MC9 pic.twitter.com/DJldcBOeSZ
— Carles Puigdemont ? (@KRLS) November 9, 2017