Поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон повика денеска вонредните регионални избори на 21 декември да бидат сфатени како „вистински втор круг на 1 октомври“, преку кои „ќе се добие слобода“ за автономната област и ќе се создаде „независна држава“, пишува весникот „Паис“.
Од друга страна, шпанскиот премиер Маријано Рахој денеска изјави дека е ставен крај на сепаратистичкиот процес во Каталонија, пишува весникот „Мундо“.
Според него, ситуацијата во автономната овласт веќе е нормализирана.