Пуџдемон: Подготвени сме за посредник, но властите во Мадрид не се

Од:

Претседателот на Каталонија, Карлес Пуџдемон вечерва ја повика шпанската Влада да прифати посредување со цел да се изнајде излез од најдлабоката политичка криза во која се најде земјата по повеќе децении.

– Ова е момент кога е потребно посредување. Добивме разни понуди во изминатите часови и ќе добиеме уште. Сите тие знаат дека сум подготвен за отпочнување на процесот на посредување, посочи Пуџдемон во неговото обраќање, кое се пренесуваше на телевизија,

Тој повтори дека „дијалогот и договорот се дел од политичката култура“ на Каталонците.

– Но, државата не даде позитивен одговор на таквите понуди, истакна Пуџдемон.

Се очекува каталонскиот Парламент еднострано да прогласи независност од Шпанија в понеделник, по референдумот одржан на 1 октомври, што шпанската Влада и судови го прогласија за незаконски.

– Сигурен сум дека во следните неколку денови ќе го покажеме нашето најдобро лице, кога институциите на Каталонија ќе мора да ги применат резултатите од референдумот, посочи Пуџдемон.

Тој Владата на шпанскиот премиер Маријано Рахој ја нарече неодговорна бидејќи не прифатила посредување за решавање на кризата по референдумот, а шпанскиот крал Фелипе го обвини дека „намерно ги игнорира милионите Каталонци“.

– Кралот го усвои ставот и политиката на националната Влада кои беа катастрофални за Каталонија, истакна Пуџдемон, додавајќи оти Фелипе разочарал многумина Каталонци.

Претседателот на Каталонија го осуди насилството на полицијата која се обиде да го попречи одржувањето на референдумот за независност.

– Референдумот беше одржан под репресија без преседан, потенцира Пуџдемон.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата