Пуџдемон најави прогласување независност, доколку нема преговори со Мадрид

Од:

На само неколку минути пред истекување на ултиматумот кој Мадрид и го даде на Барселона за повлекување на барањето за независност, каталонскиот лидер денеска објави писмо, со што го игнорираше барањето на Шпанија.

Во писмото испратено вчера до шпанскиот премиер Маријано Рахој, а јавно објавено денеска неколку минути пред 10 часот, се наведува дека каталонскиот регионален парламент може да гласа за формално прогласување независност од Шпанија доколку централната власт одбие преговори со Барселона.

– Ако Владата и натаму го попречува дијалогот и продолжи со репресијата, каталонскиот Парламент, доколку се оцени дека е опортуно, ќе гласа за формална декларација за независност, наведе Пуџдемон во писмото.

Во меѓувреме е соопштено дека портпаролот на шпанската Влада ќе даде официјална изјава за Каталонија во 10.30 минути по локално време.

Западни медиуми наведуваат дека в сабота ќе се одржи седница на шпанската Влада, на која ќе се активира членот 155 од Уставот, со што и се дозволува на Владата во Мадрид директно да интервенира во управувањето со автономниот регион и да стави крај на системот на самоуправување.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени