Пуџдемон: Ќе прогласиме независност во следните неколку денови

Од:

Карлес Пуџдемон во интервју за Би-Би-Си изјави дека Каталонија ќе прогласи независност во следните неколку денови.

– Владата ќе дејствува на крајот на оваа недела или на почетокот на следната седмица, истакна Пуџдемон, додавајќи дека за сега нема контакти помеѓу неговата администрација и централната Влада во Мадрид.

Пуџдемон наведе дека ако Мадрид се обиде да интервенира и да ја стави под контрола каталонската Влада тоа ќе биде „грешка што ќе смени се“.

Претходно шпанскиот крал Фелипе нагласи дека актуелната ситуација во Каталонија е „многу сериозна“ и оти каталонските лидери ги прекршиле законите на земјата и покажале „недозволиво отсуство на лојалност“.

Тој исто така, констатираше дека „неодговорното однесување“ на каталонските лидери може да ја изложи на ризик економската стабилност на Шпанија.

Во цела Каталонија вчера имаше протести поради полициското насилство за време на забранетиот референдум за независност, при што беше побарано Европска унија да интервенира во спорот помеѓу сепаратистичките каталонски лидери и Мадрид.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски