Европската унија е карикатура на тоа што Европа е и тоа што сака да биде, изјави разрешениот каталонски лидер Карлес Пуџдемон.
Тој упати критики кон Унијата подади поддршката од Брисел за Мадрид и поради нејзиниот одоговор на кризата во Шпанија. Повеќето од европските лидери и институциите на ЕУ му дадоа поддршка на шпанскиот премиер Маријано Рахој, што за Пуџдемон претставува предавство на основните вредности кои довеле до создавање на ЕУ.
– Што ќе стане ЕУ во рацете на овие лица, посочи Пуџдемон, нагласувајќи дека не сака раководството на ЕУ да ги помеша традиционалните европски вредностии со „нивните политички и економски интереси“.