Пуџдемон денеска мора да ги разјасни дилемите околу независноста

Од:

На каталонскиот претседател Карлес Пуџдемон денеска му истекува рокот од официјален Мадрид да разјасни дали прогласил независност за време на говор одржан во парламентот минатата недела.

Централната шпанска власт му даде рок прецизно да наведе дали прогласил независност или не.

Пуџдемон рече дека Каталонија пристапува кон прогласување независност, но предложи замрзнување на тоа прогласување за неколку недели за да се овозможи дијалог за посредување со шпанската влада.

Каталонската сепаратистичка група Асамблеа Насионал Каталана го повика Пуџдемон да ги игнорира предупредувањата од централната влада и дефинитивно да прогласи независност истакнувајќи дека понатамошно суспендирање на прогласувањето „нема смисла“.

Ист апел до него упати и клучниот политички сојузник во владејачката сепаратисчка коалиција во Каталонија – Кандидатура за народно единство, кои во писмо го повикаа Пуџдемон дефинитивно да прогласи независност од Мадрид.

Заменичката на шпанскиот премир Сораја Саенс де Сантамарија изјави дека каталонскиот лидер Карлес Пуџдемон мора да одговори со „да“ или „не“ на барањата од Мадрид – да разјасни дали прогласил независност на Каталонија.

– Тоа е едноставно – да или не. Во рацете на Пуџдемон е да избегне вонредни мерки од централната влада и да ја надмине општествената поделба, нагласи таа.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата