Претседателот на каталонската Регионална Влада, Карлес Пучдемон синоќа порача дека подготовките за одржување на референдумот за незавиосност на Каталонија од Шпанија продолжуваат и дека тој ќе се одржи на 1 октомври, како и што е планирано.
Пучедмон нагласи дека каталонските власти не се откажуваат од референмдумот за независонот и покрај одлуката на Уставниот суд на Шпанија со која се забранува неговото одржување и оценката на шпанскиот премиер Маријано Рахој дека со негово спроведување се крши Уставот на земјата.
– Целокупната власт на шпанската држава се мобилизира да го спречи каталонското гласање. Но, ние имаме резервен план и ќе го спорведеме изјаснувањето, бидејќи овој референдум го поддржуваат огромно мнозинство од жителите на кои им е смачено од арогантноста и злоупотребите на (шпанската) Влада на Народната партија, изјави Пучдемон.
Тој најави дека ако на референдумот мнозинството од избирачите што ќе гласаат се изјаснат за независност, во рок од 48 часа по гласањето ќе биде прогласена независна држава Каталонија.
Синоќа, втора вечер по ред, неколку илјади лица се собраа на протести пред седиштето на Вишиот суд на Каталонија во Барселона, со барање за ослободување на 12-мината приведени високи каталонски владини претставници во средата.
Анкетите на јавното мислење покажуваат дека идејата за независност на Каталонија ја поддржуваат околу 40 проценти од жителите на овој шпански автономен регион, како и дека мнозинството од Каталонците се согласуваат со идејата за одржување референдум за ова прашање.
Во пресрет на најавениот референдум за 1 октомоври, шпанските власти најавија испраќање дополнителен број полицајци и припадници на Цивилната гарда во Каталонија. Во исто време, властите ги укинаа сите одмори на припадниците на полицијата и Цивилната гарда.