Поранешниот лидер на Каталонија, Карлес Пучдемон изјави дека големо мнозинство од каталонскиот парламент го поддржуваат како претседател и додаде дека неговото враќање во Барселона би бил добар за шпанската демократија.
„Моето враќање во Барселона ќе биде добро не само за каталонскиот народ кој ги поддржува нашите принципи, туку и за шпанскиот народ и демократијата“ изјави Карлес Пучдемон одговарајќи на прашањето дали ќе се врати во Барселона, пренесува Ројтерс.
Пучдемон вчера допатува во Данска, а Шпанија претходно најави дека ќе бара негово апсење доколку замине од Барселона за Копенхаген. Но, шпанскиот врховен суд го отфрли барањето на државното обвинителство за повторно активирање на европскиот налог за апсење. Одлуката е одложена додека каталонскиот парламент не ги врати нормалните активности.