Пучдемон: Каталонија веќе победи во битката за суверенитетот

Од:

Каталонскиот лидер Карлес Пучдемон го заврши предизборниот митинг со зборовите дека утрешниот референдум ќе им обезбеди на граѓаните од овој шпански регион „право да бидат слушати и признати на глобално ниво.”

Тој на поддржувачите на референдумот во Барселона им рече дека гласањето значи оти Каталонците ќе продолжат понатаму со „суверенитетот и достоинството кои се обидоа да ни ги земат”.

Според него, Каталонците веќе ја победиле авторитарната влада која не сакала да дојде до оваа точка.

– Ние веќе победивме, ги надминавме стравот, лагите и заканите, го надминавме притисокот на државата, која не сакаше да стигнеме толку далеку, рече Пучдемон.

Каталонската владејачка коалиција вети дека ќе прогласи независност во рок од 48 часа ако на гласањето победи одговорот „да”.

Шпанскиот Уставен суд нареди откажување на референдумот.

Регионалната полиција на Каталонија доби наредба да ги затвори гласачките места утре до шест часот наутро, со цел да се спречи одржувањето на планираниот референдум за независност од Шпанија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски