Пучдемон: Каталонија ќе преземе акции до крајот на неделава или во текот на следната

Од:

Каталонскиот лидер Карлес Пучдемон изјави дека пребројувањето на гласовите од референдумот за независност ќе заврши до крајот на неделата и областа најверојатно ќе преземе акции во викендот или почетокот на следната недела.

Тој во интервју за Би-Би-Си изјави дека Каталонија ќе прогласи независност во следните неколку денови.

Шпанскиот крал Филип претходно нагласи дека актуелната ситуација во Каталонија е „многу сериозна“.

Два дена откако беше одржан неуставниот референдум за независност во Каталонија, шпанскиот крал наведе дека каталонските лидери ги прекршиле законите на земјата и покажале „недозволиво отсуство на лојалност“.

Тој исто така, констатираше дека „неодговорното однесување“ на каталонските лидери може да ја изложи на ризик економската стабилност на Шпанија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски