Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја

Од:

Инспекторите пронајдоа птичји пердуви и крв во два мотори на авионот Боинг 737-800 кој се урна во Јужна Кореја кон крајот на декември, изјави за Ројтерс лице запознаено со истрагата.

Министерството за транспорт на Јужна Кореја се уште не ги коментира овие наводи.

Во авионската несреќа на патничкиот авион „Боинг 737-800“ на јужнокорејската компанија „Џеџу ер“ на линијата од Бангкок до Муан, на 29 декември, загинаа 179 лица, а две лица беа спасени, соопштија властите во Сеул.

Сите 175 патници и четворица членови на екипажот загинале, а двајца членови на екипажот преживеале, кога авионот принудно слетал, удрил во бетонски ѕид, експлодирал и се запалил.

Извештаите во медиумите сугерираат дека можни причини за несреќата може да бидат удар на птица, проблеми со тркалата или ѕид на крајот од пистата.

Би можело да ве интересира

Поради пожар, авион на Јунајтед ерлајнс беше принуден принудно да слета

Во пет земји уапсени 435 лица за кривични дела поврзани со детска порнографија

(ВИДЕО) Најмалку 28 загинати и 37 повредени во пожарите во Јужна Кореја

(ВИДЕО) Најмалку 23 мртви во Јужна Кореја, пустоши еден од најтешките пожари во историјата на земјата

Четворица загинати, 11 повредени во пожари во Јужна Кореја

Се урна руски воен авион Су-25