Птичји грип откриен на живинарска фарма во Велика Британија

Од:

Вирусот на птичји грип е откриен на една живинарска фарма во англиската област Хемпшир, соопшти британското Министерство за животна средина, храна и рурални прашања (ДЕФРА).

Проверката што е итно направена на фармата,на која се одгледуваат кокошки покажала дека станува збор за послабиот вирус на птичји грип, познат како Х7.

По спроведената истрагата, експертите утврдиле дека болеста е во помал обем и дека регистрираниот вирус е помалку опасен од вирусот Х5Н8, што беше откриен во ноември минатата година, на една британска фарма за одгледување патки,во англиската област Јоркшир. Во соопштението на ДЕФРА се вели дека нема никаква врска меѓу двата случаи.

Британските ветеринарски власти, сепак, презедоа низа мерки за да се спречи ширењетио на заразата.

Просторот од еден километар околу фармата во Хемшир е забранет за движење и изолиран, а сите кокошки од фармата ќе бидат уништени според вообичаената процедура.

Здравствените власти соопштуваат дека сосема е мининимала опасноста за здравјето на луѓето од птичјиот грип на оваа фарма во Англија.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година