Псаки: Мексико со зголемени сили го запира приливот на мигранти од југот

Од:

Мексико на својата јужна граница распореди повеќе безбедносни сили како дел од обидот да се запре растечкиот број мигранти од Централна Америка да ја минуваат земјата и сакаат да стигнат до САД, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

-Мексико на јужната граница распореди 10.000 војници, рече Псаки, пренесуваат британските медиуми.

Оваа бројка е поголема од бројката што Мексико претходно најави дека ќе ја распореди.

Британските медиуми во март јавија дека Мексико почна операции за запирање на мигрантите кои нелегално ја преминуваат границата на пат кон САД и дека ги засили силите долж границата со Гватемала.

Во операцијата учествуваат припадници на Националната гарда, милитаризирани полициски сили, заедно со војници и припадници на морнарицата и имиграциските службеници.

-Зголеменото распоредување на безбедносните сили на јужната граница на Мексико резултираше со двојно зголемување на запирањата на мигрантите, рече Псаки.

Би можело да ве интересира

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина