Кралот Чарлс денеска ќе ја подотвори кралската завеса, со оглед на тоа дека неговото прогласување за крал по првпат се емитува на телевизија. Тоа е огромен контраст на острите, само неколку, црно-бели фотографии од времето кога Елизабета беше прогласена за кралица пред 70 години, јави Би-Би-Си.
Чарлс Трети ќе биде именуван за крал од Советот за наследување, кој денеска ќе се состане во палатата Сент Џејмс, официјалната резиденција на монархот. Во платата веќе пристигнаа актуелната и поранешните премиери на Велика Британија Лиз Трас, Борис Џонсон, Гордон Браун и Тони Блер.
Советот вклучува членови на Тајниот совет на Обединетото Кралство, составен од 670 високи политичари, вклучувајќи ја и премиерката Лиз Трас. Дел од Советот се и епископи од Англиканската црква, кои исто така имаат седиште во Домот на лордовите (горниот дом на британскиот парламент), меѓу кои е и надбискупот од Кентербери.
Лорд-градоначалникот на градот Лондон, високи државни службеници и дипломати се исто така дел од Советот за приватност, со кој моментално претседава пратеничката Пени Мордонт.
Поканети се сите членови на Тајниот совет, но не сите ќе можат да учествуваат на церемонијата за прогласување на новиот крал. Во 1952 година, на пример, по смртта на кралот Џорџ Шести, 191 советник учествувале на Советот за наследување, кој ја прогласил Елизабета за кралица.
Церемонијата за прогласување на новиот монарх се состои од два дела.
Во првиот дел, претседателот на Тајниот совет ќе ја објави смртта на кралицата, а службеникот на Советот, Ричард Тилбрук, на глас ќе го прочита прогласот за наследување на тронот.
Присуствувајќи на церемонијата, членовите на кралското семејство, премиерот, надбискупот од Кентербери и Ерл Маршал – наследна кралска функција со одговорност за организирање државни церемонии, ќе го потпишат документот што го содржи текстот на прогласот.
По потпишувањето на документот, претседателот на Советот ќе ги повика сите присутни да молчат додека Советот договара други работи поврзани со церемонијата, како што се споделувањето на Прогласот и давање насоки за пукање на топовски поздрави во Лондонскиот Хајд Парк и во лондонската кула.
По завршувањето на првиот дел од церемонијата, текстот на прогласот ќе се чита од еден од балконите на палатата Сент Џејмс.
Прогласувањето на новиот монарх е проследено со топовски поздрави. Текстот на прогласот ќе се чита на глас и во Лондон и во другите главни градови во рамките на Обединетото Кралство – Единбург, Белфаст и Кардиф.
Вториот дел од церемонијата не секогаш веднаш следува по првиот дел. Вториот дел се однесува само на кралот и членовите на Тајниот Совет и ќе започне со изјава од Чарлс во врска со смртта на кралицата.
Тој потоа ќе положи заклетва во врска со безбедноста на Црквата на Шкотска, како што се бара со Законот од 1707 година, кој ја обедини Шкотска со Англија и Велс и ја формираше Велика Британија. Оваа заклетва ја полагал секој монарх од 1714 година наваму.
Кралот ќе потпише две копии од документот што го содржи текстот на заклетвата.
Неговото крунисување можеби нема да се одржи повеќе месеци – поминаа околу 16 месеци помеѓу смртта на таткото на кралицата Елизабета и нејзиното крунисување во јуни 1953 година.
Извор: МИА