Државната обвинителка Суела Брејверман денеска стана првата членка на британската Влада која го користи породилното отсуство, а притоа ја задржува својата работа, бидејќи во сила стапи новиот закон што го дозволува тоа.
Брејверман е британски државен обвинител и следните шест месеци ќе биде заменета во работата од една од нејзините заменички.
Идната мајка, која го очекува своето второ дете, во видео порака на Твитер изјави дека е воодушевена што стана дел од историјата. Таа ја поздрави пресвртницата во нејзината земја и додаде дека тоа е порака за сите млади жени кои сакаат да ја продолжат својата политичка кариера.
Според претходниот закон, членовите на владата мораа да дадат оставка доколку сакаат породилно отсуство.