Прво откритие на литиум во Иран

Од:

Во Иран за прв пат се откриени резерви на литиум, а во областа Хамедан, на западот на земјата, изјавата на Мохамад Хади Ахмади, функционер на Министерството за индустрија, рударство и трговија на заливската земја до државата телевизија, објави АФП. Според официјалните проценки на Техеран, резервите на локалитетот Хамедан се проценуваат на околу „8,5 милиони тони“.

Литиумот инаку е клучна компонента на батериите за електрични возила и електронски уреди, јавуваат иранските агенции. Овој бел метал е неопходна компонента и на батериите за полнење кои се користат во мобилните телефони и другите електронски уреди.Инаку, според извештајот на Геолошкиот институт на САД (USGS) објавен во 2022 година, идентификувани се вкупно 89 милиони тони литиум ширум светот.

Австралија, Чиле, Аргентина и Кина се главни производители. Минатата година, цените на литиумот вртоглаво пораснаа (над 100 проценти во еден момент) поради зголемувањето на цените на компонентите и општата инфлација, како и побарувачката за почисти патни средства ширум светот. Иран, чија економија е погодена од сериозни меѓународни санкции, особено оние наметнати од САД, има значителни резерви на природни ресурси, вклучувајќи гас, нафта, бакар и железо, потсетува француската агенција.

Во меѓувреме, од берзите за метали предупредуваат дека цените на литиумот на кинескиот пазар, а потоа и на берзите на метали во САД и Европа, се во забележителен пад, главно поради тековниот пад на побарувачката на полето на втора по големина економија во светот (на главните азиски пазари тие се движат соодветно, а цените меѓу 58 и 77 американски долари за килограм).

Би можело да ве интересира

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Додик: Ќе му понудам на Трамп литиум пронајден во РС, тоа ќе го намали притисокот врз нас

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Хамнеи: Преговорите со Американците може и не мора да успеат