Првите Сиријци пристигнаа со авион во Германија од Турција

Од:

Првите сириски бегалци пристигнаа денеска во Германија со авион од Истанбул, во согласност со договорот што Европската унија го постигна со Анкара со цел спречување на неконтролираниот прилив на мигранти и бегалци во Европа.

Шестнаесет сириски азиланти слетаа денеска во северниот германски град Хановер, по што ќе бидат превезени во бегалски центар оддалечен околу 140 километри, изјави претставникот на германската Федерална управа за бегалци.

Втора група Сиријци во Хановер ќе слетаат денеска околу пладне, изјави истиот претставник.

Во согласност со договорот меѓу Брисел и Анкара денеска во Турција исто така пристигна првиот траект со мигранти, кои Грција ги врати во Турција.

Би можело да ве интересира

Русија: Евакуиравме над 30.000 луѓе од пограничните области со Украина

Месечната социјална помош на едно сириско семејство од 6.000 евра предизвикаа големи полемики во Австрија

Предраг Петровиќ

УНХЦР: 186.000 мигранти и бегалци пристигнаа во земјите од јужна Европа

Ердоган и Киличдароглу не сакаат Турција да е „магацин“ за сириските бегалци

Горан Наумовски

УНХЦР: Во 2022 година 100 милиони луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови

Стотици сириски бегалци кои живееја во Либан се вратија во нивните домови

А1он