Првиот сириски дезертер – генерал патува за Париз

Од:

Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиу соопшти дека Манаф Тлас, син на поранешниот министер за одбана на Сирија, патува за Париз, бегајќи од режимот на Асад. Тој додаде дека оваа постапка на генералот близок до претседателот Башар, покажува дека се повеќе луѓе, чиновници во Сирија сфаќаат дека режимот е неодржлив.

Провладините медиуми во Сирија ова бегство го оценуваат како безначајно.

Манаф Тлас е еден од најблиските луѓе на Асад, со кој заедно имаат студирано на воената академија. Тој избегал во Турција и сега од таму се чека неговото пристигање во Франција каде што ќе добие заштита.

 

Би можело да ве интересира

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму

Песков ја обвини Франција за лаги и кршење на договорите од Минск