Првиот директен лет од Виетнам до САД е закажан за 28 ноември

Од:

Националниот авиопревозник на Виетнам – Виетнам ерлајнс ќе го изврши првиот директен лет за САД на 28 ноември, јавија виетнамските медиуми. Виетнам ерлајнс вчера добил официјална дозвола од американската Федерална авијациска управа да врши цивилни летови без трансфер меѓу Виетнам и САД.

На тој начин, превозникот станува првата, и засега единствена виетнамска авиокомпанија, на која и е дозволено да врши редовни директни летови до САД. Летот ќе биде од јужниот виетнамски град Хо Ши Мин до Сан Франциско, Калифорнија. Ќе биде извршен со Боинг 787-9 Дримлајнер и ќе трае 13 часа и 50 часа од градот Хо Ши Мин до Сан Франциско и 16 часа и 40 минути во спротивна насока.

Првично се планирани два лета неделно, а во иднина нивниот број може да се зголеми на седум неделно. Подготовките за започнување на директни летови меѓу Виетнам и САД траат веќе две децении – откако Виетнам ерлајнс отвори свое претставништво во САД.

Би можело да ве интересира

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес

ВИДЕО: Снимен падот на моќен американски авион Ф-35 на Алјаска

Катерина Ѓуровски

САД ќе градат своја „Железна купола“

Еди Рама го демантира извештајот на израелска телевизија за преговорите со САД за Палестинците

Горан Наумовски

САД: Во служба ќе се вратат војниците кои одбија да примат вакцина за Ковид-19