Првиот Британец заразен со ебола пристигна во Велика Британија од Сиера Леоне, пренесува ИТАР-ТАСС.
Воениот транспортен авион С-17 слета во воената база „Нортхолт“ во Западен Лондон.
Пациентот, чиј идентитет не е објавен, ќе биде пренесен во Кралската слободна болница во северниот дел на градот. Тоа е единствениот медицински центар во земјата, што има неопходно ниво на изолација за лекување на заразни болести, како што е вирусот ебола.
Британскиот граѓанин живеел постојано во Сиера Леоне.
За време на полетувањето од африканската земја неговата здравствена состојба била задоволителна, соопшти министертсвото за здравство.