Првични анкети: Мала предност на Харис, одлучуваат „свинг“ државите

Од:

Денеска се изборите во Америка во 2024 година, а повеќе од 80 милиони луѓе гласаа предвреме. Трката меѓу Доналд Трамп и Камала Харис е една од најнеизвесните во последните неколку децении, поради што се очекуваат бурни избори дење и ноќе. Поради можни инциденти, војската и полицијата се на улиците во повеќе градови.

Последните анкети покажуваат дека демократската кандидатка Камала Харис има предност на национално ниво – 48 отсто, додека републиканскиот кандидат Доналд Трамп има околу 47 отсто.

Победа на изборите можат да донесат резултатите во сојузните или „свинг“ државите, од кои седум се – Пенсилванија, Мичиген, Невада, Џорџија, Аризона, Висконсин и Северна Каролина.

Токму во Пенсилванија, сојузната држава која има најмногу електорски гласови (19), Камала Харис го одржа последниот митинг, додека Трамп ја заврши својата кампања во Мичиген, исто така една од клучните држави.

Би можело да ве интересира

Трамп: Постигнат голем напредок во преговорите со Јапонија

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина

(ВИДЕО) Бајден го одржа првиот говор откако ја напушти Белата куќа, веднаш го нападна Трамп

Горан Наумовски

Трамп размислува за нови царини

Трамп: Ќе им дадеме пари на имигрантите за да ја напуштат Америка