Први парламентарни избори во Хонгконг

Од:

Во Хонгконг денеска се одржуваат првите парламентарни избори по задушувањето на продемократското движење, а Пекинг порача дека сака само „патриотите“ да владеат со Хонгконг, поточно политичарите кои ја поддржуваат централната кинеска комунистичка влада.

Набљудувачите очекуваат релативно ниска излезност, бидејќи многу жители, поради мешањето на Пекинг, се откажаа од надежта за демократски промени.

Гласачките места ќе бидат отворени до вечер.

По масовните протести во Хонг Конг во летото 2019 година, гласачите во ноември истата година избраа листа на продемократски кандидати за време на изборите за окружниот совет.

Би можело да ве интересира

Статуата посветена на жртвите на плоштадот Тјенанмен е отстранета од Универзитетот во Хонгконг

Хонкгонг: Одбележана годишнината од ланските судири со полицијата

Жарко Настоски