Ким Џонг-ун се појави во јавност по дури 20 дена и со тоа ги прекина гласините за неговата смрт кои се проширија низ светот.
#breaking North Korean state TV airs video of Kim Jong Un’s first public appearance in 3 weeks, at the ribbon cutting of a new fertilizer factory outside of Pyongyang. He’s seen walking, smiling, even smoking. We may never know what happened these last 20 days, but KJU is back. pic.twitter.com/VaIXqYhQzT
— Will Ripley (@willripleyCNN) May 2, 2020
Земјата во која се во врска со нејзиниот претседател е тајна, стана главна тема по коронавирусот. Сите се прашуваа каде е Ким, па започнаа да се нижат коментари и текстови за иднината на Северна Кореја, кога би го немало него и за тоа кој би можел да го наследи.
Се веруваше дека се тргнало лошо по операцијата на срцето и во светот се ширеа информации дека или е мртов или е во вегетативна состојба.
Ким Џонг-ун конечно се појави на отворање на фабрика, и иако делува помалку исцрпено, тој на сликите е насмеан и среден.
Тој, како што наведува државната севернокорејска агенција – КЦНА, ја пресече црвената лента на церемонијата при отворање на една фабрика, а присутните со аплауз го поздравија нивниот лидер.
Ким беше во придружба на неколку високи севернокорејски официјални лица, како и неговата помлада сестра Ким Јо Џонг, за која овие денови се зборуваше дека е една од можните негови наследнички.
Агенцијата Ројтерс наведува дека не може независно да го провери извештајот на државната севернокорејска агенција. Светските медиуми со недели шпекулираа за неговата здравствена состојба, тврдејќи дека по неуспешната операција тој се наоѓа во критична состојба.
Ким последен пат беше виден на 11-ти април, а од тогаш не беше објавена ниту една актуелна фотографија или видеоснимка.