Агенцијата „Блумберг“ објави сателитски снимки на кои наводно се гледаат последиците од иранскиот ракетен напад на базата Ајн ел Асад во Ирак.
Иран при нападот користеше наведувани ракети, па Техеран намерно веројатно изведе напад во кој Американците кои беа во базата да не бидат повредени, наведува агенцијата.
Претходно претседателот на САД, Доналд Трамп во обраќањето до нацијата рече дека Вашингтон ќе воведе нови економски санкции кон Техеран.