Пакистанската влада ги објави првите фотографии, кои го покажуваат од блиску изгледот на мистериозниот остров, што се појави по силниот земјотрес, што вчера ја погоди оддалечената провинција во Пакистан.
На островот, кој излезе од морето, зачекорија првите посетители, кои биле најхрабрите за да стапнат на „новата“ земја.
Островот е висок девет метри и има должина од 100 метри. Се издигнал во близината на пристаништето Гњасар и може да се види од брегот.