Првата жена во Египет – кандидат за лидер на Партија на слободата и правдата

Од:

Сабах ел Сакари е првата жена во Египет, која се кандидира за лидер на Партија на слободата и правдата, формирана од Муслиманско братство, најмоќната исламистичка групација во земјата.

Сакари наведува дека сака да го зголеми учеството на жените во политиката, па дури и да го поддржи правото жените да се кандидираат за претседател на земјата.

Либералите, кои оценуваат дека владеењето на исламистите ги уназади женските права, тврдат дека нејзината кандидатура е обид на Муслиманско братство да го подобри својот имиџ.

Муслиманско братство ја формира Партија на слободата и правдата веднаш по соборувањето на египетскиот претседател Хосни Мубарак, во февруари минатата година. Партијата беше инструмент со чија помош Муслиманско братство, забрането за време на Мубарак, дојде на власт во Египет.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет