Првата реакција на Москва за испраќањето МиГ-ови во Украина

Од:

На утринскиот брифинг Кремљ реагираше на испраќањето МиГ-ови во Украина од две земји на НАТО.

„Борбените авиони испорачани во Киев ќе бидат уништени и нема да го променат текот на војната“, се вели на конференцијата.

Утринава словачката влада одобри испраќање борбени авиони МиГ-29 во Украина. Ова утрово го потврди словачкиот премиер Едуард Хегер. Словачка е втората земја која објави дека ќе испрати воени авиони во Киев, по Полска, која вчера најави испраќање на четири авиони МиГ.

Словачка ќе испрати 13 МиГ-29 во Украина, објавија локалните медиуми. Словачката флота од 11 авиони МиГ-29 беше пензионирана минатото лето и повеќето од нив се во оперативна состојба. Тие што работат ќе ги испратат, а останатите ќе се користат за резервни делови. Словачка, исто така, ќе испорача дел од својот систем за воздушна одбрана КУБ, рече Хегер.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Ноќ на руски терор против Украина

Жесток руски напад на неколку украински градови

ВИДЕО: Загина австралиски војник кој се бореше во Украина

Доказите сугерираат дека Путин не успеал да обезбеди билатерално партнерство без ограничувања со Кина

ВИДЕО: Украина со поморски дронови нападна руски бродови на Крим

Катерина Павлова-Николовска

Руски музичар кој го критикуваше Путин падна низ мраз на река и почина