Првата изјава на Лавров по веста за хоспитализацијата: Оваа игра не е нешто ново

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров зборуваше по веста дека е хоспитализиран на Бали.

„Десет години се пишуваше за нашиот претседател дека му се слошило. Ова е генерално игра која не е нова во политиката“, изјави шефот на руската дипломатија.

Тој ги советуваше „западните новинари кои ја објавија веста за неговото хоспитализација“ да бидат поискрени и почесто да ја пишуваат вистината и посочи дека се подготвува за утрешните средби на самитот на Г-20 на Бали.

„Утре има неколку состаноци, ќе ја усвоиме завршната декларација. Штотуку се јави министерот за надворешни работи на Индонезија, кој е претседавач со министерскиот процес. Сега преговорите завршуваат, нашите експерти се тука, но министерот телефонски ја следи оваа состојба“, појасни тој.

Би можело да ве интересира

Русија: Добро е што тимот на Трамп почна да зборува за реалноста на теренот во Украина

Лавров ги соопшти таргетираните мети во Украина

Лавров: Русија не е задоволна со примирје со Украина, потребни се обврзувачки договори

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лавров: Москва е подготвена да ги искористи сите средства

Лавров: Постои опасност студената војна да се претвори во жешка фаза

ВИДЕО: Лавров влезе во Европската унија и тоа со руски владин авион