Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека постои можност студената војна во светот да влезе во жешка фаза.
Лавров тврди дека САД и нивните сојузници ги прекршиле сите договори склучени во осумдесеттите години на минатиот век во областа на контролата на оружјето.
„Прашањето е – зошто? Одговорот ни е очигледен – поради желбата да се врати НАТО на политичко прво место. По авганистанскиот срам, потребен беше нов непријател на обединувањето. Резултатот е реинкарнација на Студената војна, само сега со многу поголем ризик тоа да се претвори во жешка фаза“, рече Лавров на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ, пренесува „Известија“.