Првата група бегалци од Италија префрлени во Шведска

Од:

Група од 20 Еритрејци, ја напуштија денеска Италија, за да почнат нов живот во Шведска, што е првиот случај на префрлање на бегалците од една земја-членка на ЕУ во друга, според новиот план на Унијата за прераспределба на бегалците.

Според планот, во сите членки на ЕУ треба да се прераспределат околу 120.000 лица, кои сега престојуваат во Италија и Грција.

Планот за раселување на бегалците од овие две земји, беше договорен минатиот месец.

Дваесетмината млади бегалци од Еритреја, беа префрлени во Шведска со специјален авион на италијанската полиција.

Италија и Грција се најпогодени со бегалската криза и напливот на бегалци и мигранти од Блискиот Исток, Африка и Азија.

Само во еден ден, оваа недела, околу две илјади лица, дојдоа до бреговите на Италија преминувајќи го Медитеранот.

Европските министри за внатрешни работи, се договорија вчера околу забрзаната депортација на сите кои не добиле или нема да добијат азил. Министрите се заложија и за зголемување на ефикасноста во процесот на реадмисија со земјите, кои не се дел од Европската Унија.

Германија и Австрија одлучија да испратат свои екипи во Грција и Италија за да им помагаат на тамошните имиграциски власти, околу регистрирањето и разместувањето на бегалците и депортацијата на оние кои не ќе може да останат во ЕУ.

Засега, азил им се дава на бегалците од Сирија, Ирак и Еритреја, додека дојденците од другите земји од Азија и Африка се третираат како економски мигранти.

Минатата година, во сите 28 земји од ЕУ имало 500.000 илегални имигранти, кои сега ќе треба да се враќаат во земјите од каде потекнуваат, но само 40 отсто од нив досега се определени за депортација.

Би можело да ве интересира

Италија бара од Гугл една милијарда евра неплатени даноци

Извлечени уште 14 тела по бродоломот на мигрантскиот брод кај Калабрија

(ВИДЕО) Расправија и тепачка во италијанскиот Парламент

Семејство со три деца со автомобил падна во море, лекарите се борат за животите на мајката и синот

Серија земјотреси во околината на Неапол

ВИДЕО: Надојдена река однесе тројца млади во Италија, им се губи секаква трага