Првата дама на Мексико го продава контроверзниот имот

Од:

Ангелиха Ривера сопруга на мексиканскиот претседател, го стави на продажба својот приватен имот за четири милиони долари, за да прекинат контроверзиите дека таа не платила за имотот изграден од владин изведувач на работи.

Ривера на својата интернет-страница објави дека ја купила вилата со своја заштеда од времето кога била ѕвезда во телевизиски серии. Таа додаде дека во 2010 година пријавила приходи од речиси десет милиони долари и оти тогаш платила данок од три милиони долари.

Ривера наведува  дека сака да ја продаде вилата бидејќи не сака тоа да биде изговор за навреди и клевети врз нејзиното семејство. Меѓутоа, Ривера не објаснува зошто куќата што ја изградила се уште е на владината фирма за изведување работи „Групо Хига“.

Би можело да ве интересира

Најмалку осум лица се убиени во напад на криминалци во Мексико

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Мексико

Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

Гневни граѓани до смрт претепаа жена во Мексико осомничена за киднапирање и убиство на мало девојче

Демонстрантите во Мексико упаднаа во претседателската палата

ВИДЕО: Страотна несреќа во Мексико, 19 мртви