Израел продолжува со бомбардирање на Појасот Газа, откако Хамас го отфрли египетскиот предлог за примирје и истрела десетина нови ракети на израелска теритирија, при што загина еден Израелец.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху предупреди дека војската ќе ја прошири и интензивира операцијата во Газа откако Хамас го одби египетскиот предлог за примирје.
Еден Израелец е убиен во ракетен напад во близина на граничниот премин Ерец меѓу Израел и Појасот Газа, соопшти армијата.
Одговорност за напад презеде военото крило на Хамас, Бригадите Изедин ал Касим.
Жртвата, 38-годишен цивил, доставувал храна на војниците во областа, соопшти портпаролот на израелската служба за итни случаи.