Прва средба на принцот Вилијам и Барак Обама

Од:

Британскиот принц Вилијам се сретна во Белата куќа во Вашингтон со американскиот претседател Барак Обама со кого разговараше за многу теми, од илегалната трговија со диви животни до раѓањето на принцот Џорџ.

Принцот Вилијам во неделата со сопругата Кејт, која е во петти месец од бременоста, допатува во тридневна посета на САД.

23E20E3700000578-2865683-image-a-45_1418055383074Ова е нивна прва официјална посета на САД, а во Њујорк се сместени во хотелот „Карлјл“.

Принцот Вилијам сам се сретна во Вашингтон со претседателот Обама, додека војвотката од Кембриџ во Њујорк посети центар за развој на деца.

Портпаролот на Белата куќа соопшти дека тие разговарале за односите меѓу САД и Велика Британија. На средбата присуствувал и потпретседателот на САД Џозеф Бајден.

Би можело да ве интересира

Брнс се врати во Каиро за да преговара за прекин на огнот во Појасот Газа

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес