Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси денеска на маргините на Арапскиот самит во Џеда разговараше со американскиот претседател Џозеф Бајден за глобалната криза со испораката на храна и прекините во снабдувањето со енергија.
Ова беше прва средба меѓу двајцата лидери, на која тие разговараа за можностите за заживување на палестинскиот мировен процес и напорите на Египет да обезбеди правно обврзувачки договор за функционирањето на Големата етиопска ренесансна брана (ГЕРД), се вели во соопштението на Египетското претседателство.
Каиро со години бара договор за етиопската брана ГЕРД, која е изградена на етиопскиот Син Нил и ја полни акумулацијата веќе две години, додека Каиро стравува дека браната може да ги загрози малите резерви на вода во Египет.
Извор: МИА