Прва седница на новиот состав на американскиот Конгрес

Од:

Новиот состав на американскиот Конгрес, каде републиканците имаат мнозинство, денеска ќе ја одржи својата прва седница и официјално ќе започне со работа.

Републиканците на изборите кои се одржаа на почетокот на ноември минатата година во САД освоија мнозинство во Сенатот и на тој начин сега ги контролираат двата дома на Конгресот, што значително ќе му создаде проблем во последните две години од претседателскиот мандат на Барак Обама.

Од ноемвриските избори, кога демократите го загубија мнозинството во Сенатот и го намалија своето влијание во Долниот дом на Конгресот, се постави клучно прашање дали Обама ќе воспостави компромис со републикаците или ќе им се спротивставува.

Еден од портпаролите на американскиот претседател изјави дека Обама е дециден во тоа дека нема да му дозволи на Конгресот да ги уништи важните заштитни мерки кои се остварени, посебно во областа на здравството, реформите на Волстрит и животната средина.

Обама се закани дека ќе го употреби правото на вето за да ги блокира нападите на републиканците.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак