Прва реакција од Русија за победата на Донал Трамп

Од:

Дмитри Медведев, поранешниот руски претседател и актуелен заменик-шеф на рускиот Совет за безбедност, ја коментираше победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.

„Доналд Трамп мрази да троши пари на разни подлизурковци и паразити, а Украина спаѓа во таа категорија“, рече Медведев. Како што наведе, пред неколку дена пишуваше за „избезумениот двопартиски антируски консензус на Капитол Хил“.

„Трамп има една карактеристика што ни користи: како бизнисмен во душата, тој смртно презира да троши пари на разни подлизурковци и паразити – на идиотски сојузници, лоши добротворни проекти и алчни меѓународни организации. Токсичната Украина е во иста линија“, напиша тој.

Би можело да ве интересира

Германија: Мерц повикува на трговија без царини меѓу САД и ЕУ

Трамп: Сè ќе цвета наскоро

Трамп: Се надевам дека САД и Кина на крајот ќе постигнат договор за царините

Горан Наумовски

Трамп ги зголеми царините за Кина на 145 отсто

Горан Наумовски

Русија: Царините на Трамп ни отвораат нови можности

ВИДЕО: Што ќе значи трговската војна на САД и Кина за светот