Прва група Руси од Сирија се вратија дома

Од:

Првата група од 77 руски државјани, кои ја напуштија Сирија, утрово пристигна во Москва, со авиони на руското Министерство за вондредни ситуации.

Тоа е прва евакуација, првенствено жени и деца, од почетокот на судирите во Сирија пред две години. Неименуван руски дипломат демантираше дека станува збор за почеток на евакуација на руски државјани од Сирија.

– Во Сирија има неколку илјади руски државјани, Станува збор за тоа што руски авиопревозник не лета повеќе за Дамаск, па така ние им помагаме на сто до 150 луѓе да ја напуштат Сирија преку Бејрут, истакна неименуваниот дипломат.

Тој нагласи дека тоа не е евакуација и оти не постои притисок сите Руси да ја напуштат Сирија, бидејќи постојат многу области во Дамаск кои се целосно безбедни во кои нема судири и насилства.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ