Прва годишнина од присоединувањето на Крим кон Русија

Од:

Крим денеска одбележува една година од потпишување на документот за присоединување на полуостровот кон Русија. Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша овој документ два дена по референдумот на кој 97 отсто од гласачите во овој дел на Украина се изјаснија за анексија.

Кремљ тогаш соопшти дека Путин потпишал указ за признавање на Крим како суверена држава.

– Русија, имајќи ја предвид волјата на народот на Крим изразена на референдум од 16 март 2014 година, одлучи да ја признае Република Крим како суверена и независна држава, каде градот Севастопољ има посебен статус, се наведува во текстот на указот објавен од кабинетот на шефот на руската држава.

Путин тогаш во телефонски разговор со американскиот колега Барак Обама изјави дека референдумот на Крим е одржан целосно во согласност со меѓународното право.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Адмирал на НАТО до претприемачите: Подгответе воено сценарио

НАТО: Се подготвуваме за „прецизни удари“ ако дојде до војна помеѓу нас и Русија

Лондон воведе санкции за уште 30 руски бродови кои помагаат да се заобиколат западните ограничувања

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он