Прва декларација на СБ на ОН за кризата во Украина

Од:

Поделениот Совет за безбедност на Обединетите нации ја усвои првата декларација за кризата во Украина, со која им се изразува сочувство на семејствата на загинатите новинари во Украина.

Декларацијата е објавена неколку часа откако двајца руски новинари загинаа во Украина, Членовите на СБ ја спомнаа и смртта на италијанскиот фоторепортер и на рускиот преведувачл, кои загинаа на 24 мај.

Во заедничката изјава на СБ на ОН се апелира да се спроведе истрага за сите инциденти, вклучително и за односот кон новинарите. Во документот се изразува загриеженост и за случаите на приведени и малтретирани новинари во Украина.

И портпаролката на американскиот Стејт департмент Џен Псаки изрази сочувство до семејставата на загинатите новинари. Таа истакна дека САД немаат детали за настанот, додавајќи оти Вашингтон апелира до сите страни во конфликтот во источна Украина да ја гарантираат безбедноста на новинарите, кои ги извршуваат професионалните задачи во зоната на конфликтот.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности