Идниот крал Џорџ безгрижно спие во рацете на мама Кејт Мидлтон, која со насмевка ја прегрнува нејзиниот сопруг, принцот Вилијам. Така изгледа првата официјална фотографија на малиот принц, на која се и семејните миленичиња Лупо и Тили.
Првиот официјален портрет на принцот Џорџ го сликаше неговиот дедо, Мајкл Мидлтон. Како што пренесува „Дејли мејл“ кралската двојка не сакала да ангажира професионален фотограф за да не ја нарушат семејната идила.
Критичарите оценуваат дека фотографиите се од лош квалитет, затоа што таткото на војвотката Кејт прекрши едно од основните правила – дозволи светлината да бие директно во објективот.
Сепак, без оглед на тоа, не може се порекне шармот на тричленото семејство или подобро речено – петчлено, затоа што на сликањето во градината им се придружуваа и кучињата Лупо и Тили.
– Одлуката за првиот портрет на принцот Џорџ да биде снимена во неформално опкружување е во рамките на опуштениот пристап на Вилијам. Професионален фотограф бара многу местења и специјално осветлување, така што ова е освежувачка идеа, оценува фотографот Брајан Арис.
Од палатата Кенсингтон соопштено е дека фотографиите се направени со евтин фотоапарат, додека Вилијам и Кејт со бебето биле во посета на куќата на Мидлтонови во Беркшир.