Прв напад на канадски авиони на ИД

Од:

Канадското Министерство за одбрана соопшти дека нивната војска во недела за прв пат бомбардирала позиции на припадници на екстремистичката Исламска држава, во Ирак. -Во координација со нашите коалициски партнери, два ЦФ 18 со ласерски наведувани бомби, нападнаа цели на ИСИС на подрачјето Фалуџе- наведе во соопштението министерот за одбрана, Роб Николсон.

Како што пренесе „Франс прес“, Канада пред да ги изведе првите воздушни напади два дена спроведувала извидувачки летови.

-Овие напади ја покажуваат одлучноста на нашата влада во решавање на проблеми со тероризмот и поддршката на нашите сојузници во борба против припадниците на ИСИС, кои убиваат жени, деца и мажи -порача Николсон.

Инаку во Сирија силите на коалицијата во тек на викендов изведоа пет воздуши напади на подрачје на градот Кобане, при што се погодени пет помали единици на ИСИС – наведе Централната команда на САД.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Четворица загинати предизвикана од ограбувач на банка во Торонто

Во Отава: Шест лица се убиени во куќа, меѓу кои четири се деца

Горан Наумовски

Тела на три деца и две жени пронајдени во Манитоба

ВИДЕО: Мистериозен остаток од брод се појави на канадскиот брег

Тројца Италијанци загинаа во хеликоптерска несреќа во Канада

ВИДЕО: Масовен убиец по пошта, испраќал отров на луѓе да се самоубиваат

Катерина Ѓуровски