Кубанските власти од синоќа одобрија бежичен интернет што е инаку, забранет во државата. Бежичниот интернет беше пуштен во Културниот центар во Хавана.
Десетици млади луѓе секој ден доаѓаат во Културниот центар чија управа најави дека кубанската телекомуникациска мрежа Етекса одобрила бежичен интернет, но со строги правила на користење.
Куба е држава со најниска стапка на поврзаност со интернет каде може да се пристапи само преку фиксна телефонска линија и е со ограничувања. Кубанските власти ги оправдуваат тие ограничувања со оценка дека интернетот треба да биде во служба на општеството односно за школство и образование.